Шолц набрзо ќе именува нов министер за одбрана

January 16, 2023
1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се обиде многу брзо да именува  нов министер за одбрана, изјави неговата портпаролка, откако претходно денеска актуелната министерка Кристин Ламбрехт поднесе оставка, јави германската новинска агенција ДПА.

-Канцеларот ја почитува одлуката на Ламбрехт и ѝ се заблагодарува за добрата работа што ја заврши како министерка за одбрана во овие тешки и предизвикувачки времиња, изјави портпаролката Кристијане Хофман.

Портпаролката прашана дали на функцијата ќе биде назначен маж или жена, Хофман истакна дека родовата еднаквост е важна во Владата на Шолц.

Висок претставник на германската опозициска Христијанско-демократска унија побара брзо именување нов министер за одбрана. Генералниот секретар на ЦДУ, Марио Чаја  изјави дека опозицијата очекува канцеларот да биде подготвен со решение за тоа прашање.

-Сега итно ни треба јасност и компетентност на Бундесверот. Важно е германската армија да знае кој ја води. Неопходно е брзо наследување поради претстојните проекти за оружје и поради можните испораки на тенкови во Украина, посочи Чаја.

Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Шолц.

– Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани, истакна Ламбрехт.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мигрантското прашање во фокусот на надлежните министри од Грција и Бугарија

Следно

Уште три проекции на „Мими“ на Даријан Пејовски во Кинотека на барање на публиката

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop