Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог измените на Законот за енергетска ефикасност, Законот за исплата на платите, Законот за задруги, Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Законот за јавните претпријатија и Законот за стопанските комори, сите во второ читање.
На Комисијата за социјална политика, демографија и млади се Предлог измените на Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за употреба на знаковниот јазик, Законот за социјална сигурност за старите лица, Законот за инвалидски организации, Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, Законот за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците ……
На Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, во второ читање и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2024 година.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за странци и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и двата во второ читање.
На Комисијата за социјална политика, демографија и млади се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог на одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година, во второ читање.
На дневен ред на Законодавно правната комисија се вкупно 22 точки, сите во второ читање.
Извор: kurir.mk