Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

September 5, 2025
1 min read

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна.

Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки оброци. Во комбинација со леб од хељда, кој е познат по својата висока содржина на влакна и својства без глутен, добиваме здрав и комплетен залак.

Додавањето на лаванда носи деликатна арома и ја претвора оваа салата во вистинско кулинарско изненадување.

Состојки:

150 гр. парче бело сирење
60 гр. леб од хељда
1 круша
1 праска
30 г рукола
50 г спанаќ
30 г рибизли
70 г мешана свежа салата
30 г бадеми
1 лажичка сол
1/3 лажичка бибер
2 лажици мед
2 лажици маслиново масло
сушена лаванда
½ сок од лимон

Подготовка:

Измешајте лиснат зеленчук со круша и праска во сад. Посипете со пржени сечкани бадеми. Препечете го лебот од хељда, исечете го на коцки и наросете го врз салатата. Исечете парче бело сирење на коцки и наредете го врз зеленчукот. Направете дресинг од мед, масло, сок од лимон, сол, бибер и лаванда и прелијте го врз подготвената салата. Нежно измешајте сè и послужете.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: На 19 октомври победува иднината на Чаир

Следно

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop