Шеќеринска имаше прво обраќање во новата улога во НАТО

December 5, 2024
1 min read

Новоизбраната заменик генерална секретарка на НАТО, Радмила Шеќеринска денеска го имаше своето прво јавно обраќање во новата улога, на Генералното собрание на Светската Атлантска Асоцијација во Брисел кое се одрржа во седиштето на НАТО.

Темата на одбележувањето на 70-тата годишнина од формирањето на Светската АТА и 75-тата годишнина од формирањето на НАТО, е „Дефинирање на светските стратешки приоритети во неизвесни времиња: Улогата на нашата алијанса“.

На Собранието присуствуваа делегати од над 35 земји од целата НАТО Алијанса и пошироко, но и високи претставници на НАТО, со цел да се најдат итни одговори за безбедносните предизвици со кои се соочува нашиот свет денес.

На одбележувањето на годишнината кое се одржува од 3 до 6 декември годинава, беше присутна и македонската делегацијата. Во делегацијата на Евро-Атлантскиот Совет, предводена од претседателот, Исмет Рамадани, беа: Светозар Јаневски, Арбн Абурахмани, Митко Андреевски, Тоше Коцевски, Илија Џугуманов и Кастриот Арифи.

Покрај средбата со новата заменик генерална секретарка на НАТО, Шеќеринска, делегацијата се сретна и со другите високи претставници од НАТО. Делегацијата ја посети и македонската мисија во НАТО, каде што оствари средба со амбасадорот Дане Талески.

Пред главниот настан, на 04.12.2024, претходеше посета на врховната команда на НАТО за Европа, која се наоѓа во Монс, Белгија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Истражување TIMSS 2023: Учениците од Сингапур први по математика и природни науки, Франција последна меѓу земјите на ЕУ

Следно

ВИДЕО: Стража заглавена! Воведена забрана за тешки товарни возила

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop