Шефот на СЗО беше на аеродромот во Сана во моментот на израелското бомбардирање

December 26, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека бил на јеменскиот аеродром во Сана кога израелските воздухопловни сили извршеле бомбардирање, известува Анадолу.

„Додека се подготвувавме да се качиме на нашиот лет од Сана, пред приближно два часа, аеродромот беше подложен на воздушно бомбардирање. Еден од членовите на екипажот на нашиот авион беше повреден“, објави на Твитер шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Претходно беше потврдено дека најмалку три лица загинале во израелски воздушен напад на меѓународниот аеродром во Сана.

„Кулата за контрола на летање, чекалната за поаѓање – само неколку метри од местото каде што бевме, и пистата се оштетени“, изјави шефот на СЗО, додавајќи дека мисијата морала да почека штетата на аеродромот да се поправи пред да можат да го полетаат.

Гебрејесус наведе дека неговите колеги и тој се безбедни и изрази искрено сочувство до роднините на оние кои ги загубија животите во нападот.

Шефот на СЗО и неговите колеги беа во Јемен за да преговараат за ослободување на притворениот член од персонал на ОН и да ја проценат здравствената и хуманитарната ситуација во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР ќе ги презентира резултатите од работата, најавено присуство на Мицкоски

Следно

Каракамишева во „Наткаст“: Крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок

Latest from Blog

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ што летал кон рускиот град Минерални Води бил принуден да се врати во Баку

МОСКВА (АА) – По авионската несреќа во регионот, авион на „Азербејџан ерлајнс“ што летал кон рускиот град Минерални Води беше принуден да се врати во главниот град на Азербејџан, Баку, објави авиокомпанијата,

Проф. д-р Каракамишева во „Наткаст“: Очекувам 2025-та година да биде година на развој, година на стабилизирање на системот

-На државен план очекувам уште посилно темпо на работа, да, ова е исцрпувачко темпо, но без такво темпо Македонија не може да се надева, не па да очекува што било позитивно. Добро

Пандев: Ангеловски требаше да остане селектор и после ЕП, немам ништо против Милевски

Горан Пандев, поранешниот репрезентативец и сега спортски директор на националните селекции во ФФМ, во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше и за сегашната состојба во репрезентацијата. Тој кажа дека му замерил на тогашниот

Протест за чист воздух: Над 3.800 животи годишно изгубени поради загадувањето

Утре во Скопје ќе се одржи протестниот марш „За чист воздух“. Маршот ќе започне пред Министерството за животна средина, ќе продолжи преку Собранието и Владата, а ќе заврши пред Град Скопје. Организаторите

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски

Основното јавно обвинителство од Битола ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски за отворањето на годинешното издание на битолското културно лето „Битфест“. Кривичната пријава беше поднесена анонимно од граѓанин со
Go toTop