Шефот на руската одбрана: Русија и Кина имаат заеднички ставови

1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, изјави дека Москва и Кина имаат заеднички ставови, објави денес руската официјална новинска агенција ТАСС, јавува Анадолу.

„Вчера имавме многу значајни разговори со министерот за одбрана на Народна Република Кина и гледаме дека имаме заеднички ставови, заедничка процена на ситуацијата и заедничко разбирање за тоа што треба да направиме заедно“, рече Белоусов, кој беше цитиран од ТАСС.

Белоусов вчера допатува во Пекинг во официјална посета на која ќе се разговара за билатералната воена соработка.

„Благодарение на напорите на лидерите на двете земји, Русија и Кина изградија стратегиско партнерство“, рече тој.

„И наша задача е да ја зајакнеме и развиеме“, додаде тој.

Белоусов вчера беше пречекан со официјална церемонија од кинескиот колега Донг Јун, а по церемонијата тој оддаде почит со положување венец на Споменикот на народните херои на плоштадот Тјенанмен во Пекинг.

Посетата го нагласува зајакнатото партнерство меѓу Кина и Русија бидејќи двете нации се спротиставуваат на санкциите и геополитичките маневри предводени од САД, при што Русија се соочува со санкции и дипломатска изолација поради војната против Украина што ја започна во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Царинската управа заплени златен накит, лекови, облека, цигари…

Следно

Трибина „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“ во Институтот „Крсте Мисирков“

Latest from Blog