Шефот на кинеската дипломатија пристигна во Москва: „Има план за мир во Украина“

1 min read

На Минхенската безбедносна конференција минатата недела, Ванг ги обвини Соединетите Држави за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји пристигна во Москва за да разговара за можниот мировен план за Украина, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.

„Главната цел на оваа посета е да се зголеми улогата на Пекинг во договорот за Украина“,

пишува „Комерсант“.

На Минхенската безбедносна конференција минатата недела, Ванг ги обвини Соединетите Држави за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување.

Тој повторно повика на дијалог и предложи европските земји „смирено да размислат“ за начините за завршување на војната. Ванг, исто така, рече дека има некои сили кои очигледно не сакаат преговорите да успеат или војната наскоро да заврши, но не прецизира на кого мисли.

Кинескиот лидер Си Ѓинпинг, како што најави италијанскиот министер за надворешни работи минатата недела, треба да одржи „мировен говор“ на годишнината од инвазијата на Украина. Антонио Тајани за РАИ Радио 1 изјави дека ја искористил неговата средба во Рим со Ванг Ји во четвртокот за да побара од Пекинг да ја искористи својата моќ за да ја убеди Русија да стави крај на војната, истовремено гарантирајќи ја независноста на Украина.

„Ми кажа дека Си ќе одржи мировен говор на годишнината од инвазијата на Украина“,

рече Тајани.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанок на маргините на Минхенската безбедносна конференција го предупредил својот кинески колега Ванг Ји дека Пекинг ќе се соочи со сериозни последици доколку ѝ обезбеди материјална и воена помош на Русија.

Соединетите Држави, како што пренесува „Гардијан“, веруваат дека Кина во наредниот период би можела да ѝ обезбеди воена помош на Русија во рамките на нејзината агресија врз Украина.

Блинкен на средбата, исто така, ја повикал Кина да престане да ѝ помага на Русија со избегнување санкциите.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Љубанци доби ново детско игралиште

Следно

ПОВЕЌЕ ГРОБОВИ ОТКОЛКУ ЗГРАДИ И КУЌИ – глетката во овие турски градови е трогателна, особено од предметите што ги има до гробовите на овие деца! (ФОТО)

Latest from Blog