Шабицер во Манчестер Јунајтед

1 min read

Манчестер Јунајтед заврши голема работа на крајот на преодниот рок и во своите редови го донесе  Марсел Шабицер од Баерн Минхен.

Австрискиот плејмејкер доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, а ќе биде замена за Кристијан Ериксен кој заработи незгодна повреда и го чека подолга пауза најмалку до месец мај.

Играчот промени средина во 2021 година, кога како капитен на Лајпциг направи трансфер во редовите на големиот ривал во Бундеслигата.

 

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Утрински температури до -9 степени, сончево со северозападен ветер

Следно

Колапс во САД поради ледената бура – откажани летови, сообраќајки и затворени училишта

Latest from Blog