Северна Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – Сарацин во интервју за бугарскиот весник „Труд“

1 min read

Специјалниот германски пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин, во интервју за бугарското електронско издание на весникот „Труд“ вели дека Македонија не ги исполнила надежите за уставни измени како основен услов во преговарачката рамка за почеток на преговорите со Европската Унија. 

Сарацин констатирал. Пренесува Труд, дека македонската влада го изгубила интересот за реализација на транспортниот коридор 8 кој почнува од Бари во Италија, преку албанското пристаниште Драч  со Скопје и завршува преку Софија во Црното Море, и дека предност му се дало на вертикалниот коридор или коридорот 10 кој се протега од Австрија преку Словенија, Хрватска, Србија преку Македонија и завршува во Грција. 

Сарацин во интервјуто посочил дека транспортните коридори во Европа се во надлежност на Европската Унија и дека не е на некоја земја да ја менува приоретизацијата на европската транспортна политика. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Децата на Газа

Следно

Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар

Latest from Blog