Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

Брутализмот што сакаа да го „облечат“ во Скопје 2014 и успехот на македонските архитекти во Венеција, не е заслуга на Љутков

Брутализмот што се трудеа да го „облечат“ во Скопје 2014 и успехот на македонските архитекти во Венеција, се претставува како успех на Министерството за култура и туризам. Само така може да се

РЕНОМИРАНО ИТАЛИЈАНСКО СПИСАНИЕ ГО ВБРОИ МАКЕДОНСКИОТ ПРОЕКТ „СТРАДА БРУТАЛИСИМА“ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектура, со проектот „Страда бруталисима“ е вброен меѓу десетте најдобри павилјони и павилјони кои не смеат да се пропуштат на годинешната 19. меѓународна изложба, во списанието

Маричиќ: Директната комуникација со Бугарија мора да се случи, не можеме да очекуваме некој друг да ни го реши проблемот

„Директната комуникација со Бугарија мора да се случи. Ние не можеме да очекуваме дека некој ќе ни го ќе ни го реши проблемот“, вели во интервју за Рацин.мк поранешниот вицепремиер за европски

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во денешна објава
Go toTop