Селото А го има најкусото име на светот

April 10, 2024
1 min read

Селото А (Å) коешто се наоѓа во Општина Москенес, областа Нордланд, во северна Норвешка го има веројатно најкраткиот топоним на светот.

До 1990-тите, тоа било рибарско село, но туризмот оттогаш го презема приматот и станува главна стопанска дејност. Поради тоа изградени се два музеи – „Лофотен стокфиш“ посветен на рибарството и „Норск фискевејрсмусеум“ каде што се наоѓаат сите приказни и подробности за наследството на тоа место. Препознатливо е и по многубројните галеби. Старите рибарски куќи му даваат на селото посебен шарм, а климата е блага поради Голфската струја.

Овде се наоѓа и најстарата европска фабрика за рибино масло. Погонот почнал да работи во 1850 година.

Ова село, всушност, првично било фарма, а првпат се споменува во 1567 година како „Аа“. Ова важело сѐ до 1917 година, кога норвешкиот јазик бил прекодифициран и оттогаш местово се нарекува А, што во превод значи „река“. Во него денес живеат околу 100 луѓе.

Инаку, туристите често ја крадат таблата со името на селото како „сувенир“, па мештаните мораат речиси постојано да поставуваат нови табли.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Беше голем заводник во „Очајни домаќинки“, а еве како денес изгледа актерот кој го глумеше Карлос Солис (ФОТО)

Следно

Нивото на водата во реката Урал во близина на градот Оренбург достигна 10 метри

Latest from Blog

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари за ослободување на семејство

На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член

ПЛИКОА И РАЗГЛЕДНИЦИ СО 66 НАРОДНИ ХЕРОИ ОД НОБ ИЗДАДЕ СОЈУЗОТ НА ФИЛАТЕЛИСТИ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Пликови и разгледници со ликовите на 66 народни херои издаде Сојузот на филателистите на Македонија, како дел од повеќегодишниот филателистичко-историски проект „Народните херои од Народноослободителната борба од Македонија 1941-1945“. Димитар Белчев, претседател

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. – Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници
Go toTop