Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

November 27, 2024
1 min read

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.

До Обвинителството, Мицкоски рече дека имаат доставено повеќе од стотици случаи каде има основа за кривични дела, но дека тие секогаш тие наоѓаат начин да ја опструираат акцијата.

-Секоја седница на Влада читаме ревизорски извештаи и на секоја седница на Влада директно јас го прашувам ревизорот дали има основ за кривични дела и дали е тоа доставено до обвинителството и на секоја седница на Влада го добивам истиот одговор – да, доставено е, што значи дека имаме повеќе од стотици случаи доставено до обвинителството. Дали вие сте слушнале освен тоа кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување, или претрес итн. му се слошило, добил дијареја, со гушење, зголемена температура или добила итн. Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте нема да биде уште долго, туку ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корумпирани обвинители и судии ќе се справиме и на поинаков начин, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на КОСТАЛ Македонија.

Тоа, нагласи Мицкоски, го кажувам долго време и, како што посочи, затоа има разбирање „за граѓаните зошто велат добро е, работите, но никако да се справите со криминалот и корупцијата“.

-Се додека тие луѓе се присутни и во обвинителството и во судството за жал ние не може да можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот и корупцијата и сенките од минатото коишто се дел од политичко мочуриште кое што го зароби обвинителството и судството, изјави Мицкоски.

Прашан што се презема за да се намали иселувањето Мицкоски, рече дека „се што треба ќе направиме и правиме да ги вратиме луѓето, кои што заминаа, дома“ и оти затоа е потребна правда.

-На нив им треба надеж, а мислам дека полека, но сигурно надежта се враќа, со исклучок на една работа. Тука признавам и жалам зошто е така, затоа што секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите. Секогаш кога треба правдата да ја испорачаат органите на редот и тука ќе влеземе робусно во периодот што следи, нема повеќе трпение, заврши трпението, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија

Следно

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат хаос на улиците, одбиваат на дневен ред да го ставаат барањето на приватните превозници

Latest from Blog

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Разговарав со семеен пријател кој подоцна стана обвинет во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, е обвинета дека откривала службени тајни во обвинет во „Адитив“, се огласи на јавноста. Таа кажа дека со обвинетиот имала само пријателска

Руски претставник во ОН: Подготвени сме за директни преговори со Украина

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија, „и покрај проблемот со легитимитетот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е подготвена за директни преговори со Украина. Тој додаде дека

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во работата на Основниот суд во Гостивар

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар што ја направил Државниот завод за ревизија. -Констатирано е отсуството на одредби за утврдување
Go toTop