Седуммина загинати во нападот на храм на Јеховини сведоци во Хамбург

March 10, 2023
1 min read

Полицијата, која за нападот била известена синоќа околу 21 часот, вели дека нема индиции дека напаѓачот е во бегство и додаде дека на местото на настанот пронашла безживотно лице за кое се верува дека е напаѓачот

Седум лица загинаа, а 25 се повредени, од кои некои потешко, во синоќешниот напад на храм на Јеховини сведоци во северниот германски град Хамбург, соопшти германската полиција, пренесе „Гардијан“.

Полицијата, која за нападот била известена синоќа околу 21 часот, вели дека нема индиции дека напаѓачот е во бегство и додаде дека на местото на настанот пронашла безживотно лице за кое се верува дека е напаѓачот.

„Немаме индиции за сторител во бегство. Истражителите имаат индиции дека сторителот можеби е меѓу загинатите“,

рече портпаролот на полицијата.

Во моментов нема веродостојни информации за мотивот на злосторството, соопшти полицијата во Хамбург и апелира да не се споделуваат непотврдени информации и шпекулации во врска со нападот.

Полицијата синоќа ги предупреди граѓаните на опасност во областа препорачувајќи им да останат во своите домови и да го избегнуваат квартот каде што се случи убиството.

Градоначалникот на Хамбург, Петер Шенчер, реагираше на нападот нарекувајќи го „шокантен“.

„Извештаите од Алстердорф (кварт во Хамбург) се шокантни. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите“,

напиша градоначалникот на Хамбург на Твитер.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(Фото) Сообраќајна незгода го „парализира“ Ѓорче Петров

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата, власта е уортачена со криминалот

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop