Седлоски нов тренер на албанска Влазнија

1 min read

Македонскиот фудбалски стратег Гоце Седлоски е назначен за нов тренер на албанскиот прволигаш Влазнија, соопшти денеска тимот од Скадар.

Седлоски се сели во албанскиот прволигаш откако минатиот месец доби отказ на клупата на Шкупи со која лани ја освои македонската титула.

Влазнија соопшти дека со 48-годишниот Седлоски е договорена соработка до крајот на сезоната 2023/24.

Седлоски, кој е првиот фудбалер во македонската историја со 100 настапи во националниот дрес, тренерската кариера ја почна во австриски Матерсбург, предводејќи ги Турново, Вардар, Рига и Широки Брег, на клупски план, а краток период во 2012 година беше и вршител на должноста македонски селектор.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Нови случаи на труења на ученички во Иран

Следно

Тело за човекови права на ОН ја продолжи истрагата за можни руски злосторства во Украина

Latest from Blog