Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување.
Водич и лекар, двајцата од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка загинаа, соопштија Националните паркови на Танзанија. Хеликоптерот се урна вчера во близина на кампот Барафу на планината, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија.
Весникот „Мвананчи“ и телевизијата „Ист Африка“ објавија дека хеликоптерот бил во мисија за медицинско спасување, повикувајќи се на началникот на регионалната полиција на Килиманџаро.
Килиманџаро, највисокиот врв во Африка, е на речиси 6.000 метри надморска височина. Несреќата се случила на надморска височина од околу 4.700 метри, објави Мвананчи.
Извор: tv21


