Вистинска драма се одвивала вчера откако полицијата се пушти во активна потера на осомничениот од убиството во Штип. Според видеото кое го објави TВ Стар од Штип се гледа како осомничениот влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.
Осомничениот веднаш влегол во возило и со голема брзина се упатил накај Скопје, каде притоа бил забележан кај патарината Миладиновци. Напаѓачот не застанал на знак „стоп“ од страна на полицијата, ја пробил рампата на патарината и продолжил со голема брзина. Полицијата отворила оган кон возилото во обид да го запре.
Истото возило BMW е пронајдено неколку километри понатаму влезот на ТИР-зоната во Миладиновци , оштетено, и инстунбано.Засега нема информации дали напаѓачот е фатен или се уште е во бегство.
Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција.
ИЗВОР: racin.mk