„Се стеснува кругот околу Нетанјаху и неговата мрежа за масакр“

November 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот Ердоган се обрати по состанокот на владата на Туркије, известува Анадолу.

Претседателот Ердоган осврнувајќи се на ситуацијата во регионот рече:

„Иако некои упорно го игнорираат тоа, веќе 14 месеци продолжува крајно крвава, крајно опасна војна веднаш до Туркије“.

Во врска со ситуација во палестинската енклава Ердоган рече:

„Никогаш не сме контактирале со политички трговци кои сакаат да добијат политички профит од вакво хуманитарно прашање, ниту ќе да го правиме тоа во иднина.“

Ердоган истакна дека Туркије прави многу повеќе за Палестина, Газа и Либан од она што се гледа, зборува или што се одразува во печатот.

„Оние кои нè клеветат нас, нашата партија и нашата влада како ‘соработници’, треба да ја преиспитаат својата соработка со оние кои го етикетираат палестинскиот отпор како тероризам“, рече турскиот претседател.

Ердоган изрази надеж дека палестинскиот народ ќе постигне просперитет, мир и спокојство на крајот од овие тешки денови, дека угнетувачите ќе загубат, а палестинската кауза ќе победи.

Во врска со налогот на МКС за приведување на на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, претседателот на Туркије рече:

„Се стеснува кругот околу Нетанјаху и неговата мрежа за масакри.“

Зборувајќи за енергетиката Ердоган рече истакна дека туркије има еден од водечките светски трговски центри за трансфер на енергија и додаде:

„Енергетскиот форум во Истанбул го исцрта хоризонтот за иднината на секторот. Со цврсти чекори напредуваме кон нашата цел ‘целосно независна Туркије во енергетиката’.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Касемиро нема намера да се врати во Реал

Следно

Жителите Албанци на Визбегово: Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски ги одржа ветувањата што ДУИ и СДСМ со години не ги исполнуваа

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop