СЕ РАДУВАМ ШТО МОИТЕ ФИЛМОВИ ТРААТ ВО ВРЕМЕТО, РЕЧЕ РЕЖИСЕРОТ СТОЛЕ ПОПОВ, ПРИМАЈЌИ ЈА НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

May 29, 2024
2 mins read

Со проекцијата на видеспотот за песната „Скопје“ на „Леб и сол“, денеска во полната сала на Кинотеката почна свеченоста за доделување на наградата Златен објектив на режисерот и професор, доајен на филмската уметност Столе Попов.

„Попов го добива признанието за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во градењето на културните политики за развој на домашниот филм“, рече Петар Волнаровски од Кинотеката.

„Искрено сакам да се заблагодарам на Кинотеката што ми го дава ова признание и чест. Ме врзуваат многу години веќе, почнав и јас да се губам во времето, затоа што толку брзо летаат годините, едноставно не можам да поверувам дека еве на пример ‘Австралија, Австралија’ е снимен пред точно 50 години. Ме радува што, очигледно филмовите кои сум го работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста, која, поготово, во филмската уметност е често пати многу видлива“, рече Попов, во разговорот што го водеше Илинденка Петрушева, филмска критичарка, авторка и истражувач на историјата на македонската и светската кинематографија.

Попов и музичарот Влатко Стефановски. (Фото: Ѓ. Личовски)

Попов се потсети и на снимањето на спотот „Скопје“, за кој кажа дека главен иницијатор бил Димитар Масевски, и дека со него учествувале на фестивал во Белград.

„Масе беше толку амбициозен што веруваше дека ќе го направиме најдобриот период. Тогаш исто така и Велибор Џаровски-Џаро го донесе Горан Бреговиќ и ме убедуваа да снимам спот за негова песна, но јас одбрав да работам со Влатко Стефановски“, кажа Попов.

Попов е роден 1950 во Скопје, а во 1973 дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград.

Од 1981 Попов снима играни филмови и досега има реализирани пет долгометражни наслови кои постигнале врвни успеси на голем број меѓународни фестивали во светот, како : „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и последниот во 2014, „До балчак“. Неговиот кусометражен документарец „ДАЕ“ како југословенски кандидат во 1979 доби номинација за Оскар.

Во 2011 неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание, што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од Кинотеката.

„Да си роден во Македонија и да не ги имаш гледано филмовите на Столе Попов, е исто како да си роден во Египет, а да не си ги видел пирамидите“, рече меѓудругото Арсим Лесковица од Кинотеката, во презентацијата на неговата биографија.

Директорот на Кинотека Бојан Станишиќ му ја врачи наградата на Коста Велков. (Фото: Ѓ. Личовски)

Оваа година Кинотеката воведе уште едно признание, т. н. Специјален Златен објектив наменето за луѓето кои професионално се занимаваат со филмска архивистика и кинотечна дејност, а денеска ја доби Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист.

Вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе има проекција на култниот „Тетовирање“ од 1991, а по проекцијата на филмот  Попов ќе одговара на прашања на публиката  модерирана од Саша Станишиќ и Јане Алтипармаков режисери од помладата генерација, инаку поранешни студенти на Попов кога тој беше професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

Златниот објектив е признание кое Кинотеката, како национален филмски архив, го воведе пред повеќе од 15 години, а го доделува по повод роденденот на институцијата – 29 април 1974 година, кога е објавен Законот за формирање на кинотеката.

Досегашни добитници на ова признание биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сè што Украинците треба да знаат за приоритетите на Бајден

Следно

Барса официјално го потврди Ханси Флик за наследник на избрканиот Чави!

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop