Се подготвува апсење на Дани Алвеш

1 min read

Фудбалерот на мексикански Унам и бразилски репрезентативец Дани Алвеш ќе биде уапсен денеска под обвинение за сексуален напад, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Шпанскиот суд соопшти пред две недели дека е отворена истрага против Алвеш, откако жена го обвини бразилскиот фудбалер за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона кон крајот на декември лани.

Алвеш (39) тогаш ги негираше обвинувањата и тврдеше дека не ја познава жената која ја поднела тужбата.

Алвеш, кој настапи со Бразил на неодамнешното Светско првенство во Катар, од 2017 година е во брак со познатата манекенка Жоана Санц.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Нов паркинг кај „Мајчин дом“ и во Мичурин, најави Муцунски

Следно

Стефковски се сретна со пензионерите во Гази Баба

Latest from Blog