Се планира ли национализација на вториот пензиски столб по изјавата на Димитриеска-Кочоска дека тој е непотребен?

December 26, 2024
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека вториот пензиски столб бил непотребен и само креирал дополнителен трошок.

Таа во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 најави дека се залага за укинување на вториот пензиски столб, кој само одлевал пари.

„Јас сметам дека вториот столб е непотребен, затоа што таму ни се одлеваат пари кои што повторно завршуваат во државата, бидејќи тие пензиски друштва всушност ги инвестираат парите во државата, значи дополнителен трошок ни прават“, вели Димитриеска Кочоска.

Министерката ги повиќа граѓаните да си проверат колку пари им се оплодени во вториот пензиски столб.

Таа потенцираше дека ова е нејзин став, кој не нужно значи дека е и став на владата, но во јавноста покрена дилеми за тоа дали владата размислува за национализација и преземање на вториот пензиски столб.

Вториот столб опфаќа задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, што значи дека дел од вкупно уплатениот придонес за пензиско осигурување се пренесува на индивидуална сметка на осигуреникот во приватен пензиски фонд. Висината на придонесот кој се пренесува во приватниот пензиски фонд изнесува 6% од бруто платата. Овие средства се наменети за исплата на пензија од вториот столб лично на членот, истите се инвестираат во финансиски инструменти, а остварената добивка се припишува кон индивидуалната сметка.

Бидејќи средствата од индивидуалната пензиска сметка се лични и доколку не се искористат за нивната основна намена истите се предмет на наследување (под услов членови на семејството да не користат семејна пензија од починатиот член) или  предмет на исплата по навршени 65 години старост (ако членот не оствари право на старосна пензија).

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Каракамишева во „Наткаст“: Крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок

Следно

Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото

Latest from Blog

Над 90.000 регистрирани гласачи од дијаспората за изборите на Косово

Периодот за пријавување и регистрација на гласачите од косовската дијаспора, кој започна на 29 август, заврши на 26 декември 2024 година. Портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК), Ваљмир Елези, изјави за RTKlive

Турските безбедносни сили неутрализираа 14 терористи на ПКК во Северен Ирак

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 14 терористи на ПКК во Северен Ирак, соопшти денес Министерството за национална одбрана на Туркије, јавува Анадолу. Терористите беа цел во регионите Хакурк, Метина и

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ што летал кон рускиот град Минерални Води бил принуден да се врати во Баку

МОСКВА (АА) – По авионската несреќа во регионот, авион на „Азербејџан ерлајнс“ што летал кон рускиот град Минерални Води беше принуден да се врати во главниот град на Азербејџан, Баку, објави авиокомпанијата,

Проф. д-р Каракамишева во „Наткаст“: Очекувам 2025-та година да биде година на развој, година на стабилизирање на системот

-На државен план очекувам уште посилно темпо на работа, да, ова е исцрпувачко темпо, но без такво темпо Македонија не може да се надева, не па да очекува што било позитивно. Добро
Go toTop