Се одбележуваат 100 години од смртта на творецот на Ајфеловата кула

March 13, 2023
1 min read

 Во Париз, целата оваа 2023 година се одбележува стогодишнината од смртта на Густав Ајфел (1832 – 1923), создавачот на светски познатата кула којашто се наоѓа во главниот град во Франција и го носи неговото име, соопшти операторот на споменикот.

Изградбата на Ајфеловата кула е завршена на 31 март 1889, а официјално е отворена на 6 мај истата година. Структурата е составена од 18.038 делови од леано железо, со помош на 2,5 милиони нитни. За време на изградбата, благодарение на безбедносните мерки што ги вовел Ајфел, загинал само еден работник, што во тоа време било несекојдневно достигнување. Металната конструкција тежи 7.300 тони, а до врвот има 16.665 скалила.

– На крајот на 19 век, изградбата на кула од 300 метри во срцето на Париз, највисока во светот во тоа време, било неверојатен предизвик. Тоа било во доменот на научната фантастика!, истакна претседателот на Компанијата за одржување на Ајфеловата кула, Жан-Франсоа Мартинс.

Според него, одбележувањето 100 години од смртта на Ајфел значи славење на „духот на научното освојување и човечката генијалност“.

На секои седум години, се нанесува боја на целата структура за да се заштити од корозија.

Во зависност од временските услови, врвот на кулата може да отстапи од вертикалата до осум сантиметри. Ова движење е предизвикано од нерамномерното загревање на металот од страната на Сонцето и од страната на сенката.

Кога била изградена кулата, многу парижани мислеле дека тоа е за потсмев и треба да се урне. Денес се смета за едно од ремек-делата на светската архитектура.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ пред состанокот со Лајчак: Ќе зборуваме за тоа што можеме да направиме, а не за што можеме да сонуваме

Следно

Стојаноски: ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата на истиот

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop