Се намалува нивото на водата за ладење на реакторот на централата „Запорожје“, предупредува шефот на МААЕ

June 8, 2023
1 min read

Нивото на водата во резервоарите во нуклеарната центрла „Запорожје“ опаѓа од пет до седум сантиметри на час, рече шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси. Тој смета оти не постои ризик водата од резервоарите да исчезне веднаш, но предупреди дека состојбата е сериозна

Нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторот во нуклеарната централа „Запорожје“ опаѓа за пет до седум сантиметри на час. Ова во интервју за Си-ен-ен го изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој посочи дека доколку најголемата нуклеарна централа во Европа остане без вода, тоа би било многу сериозна ситуација.

Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY

Нивото на водата во резервоарите може да варира и натаму, но генералниот директор на МААЕ предупреди дека ситуацијата може да стане сериозна доколку резервоарите на нуклеарната централа останат без вода.

„Таму има резервоар и голем број внатрешни канали кои обезбедуваат водата постојано да циркулира за да може постојано да се ладат реакторите. Ако централата остане без вода, ќе имаме многу сериозна ситуација“,

изјави Гроси во интервју за Си-ен-ен.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија смета дека не постои ризик водата од резервоарите во централата „Запорожје“ да исчезне веднаш, но уште еднаш нагласи дека состојбата е сериозна поради намалувањето на нивото на водата.

„Ја следиме ситуацијата многу внимателно. Заедно со експерти од областа на нуклеарна безбедност, следната недела ќе одиме во ‘Запорожје’ за да добиеме покомплетна слика за состојбата на теренот“,

додаде Гроси.

Тој најави дека МААЕ ќе го зголеми бројот на своите инспектори во нуклеарната централа во Украина по уривањето на браната „Нова Каховка“ на реката Днепар, а дека Агенцијата внимателно ја следи состојбата за да се избегнат „радиолошки последици“.

Од почетокот на војната во Украина, нуклеарната централа „Запорожје“ неколку пати беше во критична ситуација поради гранатирање, што предизвика гасење на реакторот.

Сега ситуацијата повторно е неизвесна поради уривањето на браната „Нова Каховка“ и поплавите во населените места. Тоа, пак, предизвика пад на нивото на водата во системите за ладење на оваа нуклеарна централа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Непотизам во Сојузот на глуви: ДКСК води предмет, Владата не сака да се меша

Следно

Барселона: Разбираме дека Меси сака да игра во лига со помалку обврски

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop