Се јави докторката обвинета дека пуштала народна музика на деца во „Рибникар“: Некој жали во тишина, некој преку медиуми

1 min read

На ’мрачната психосеанса‘, која на децата им ја држела докторката Ранка Радуловиќ, со знаење на директорката на училиштето, на децата им пуштала народна музика и им зборувала дека треба да се поврзат со духовите и душите на своите загинати пријатели и пријателки, обвини претходно татко на едно од убиените девојчиња

Настанот за кој претходно објави татко на едно од загинатите деца, според неговите тврдења, се случил два дена по масакрот/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Откако татко на едно од убиените девојчиња во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград објави дека на деца од ова школо на психотерапија им пуштале народна музика за да се поврзат со духовите на загинатите, докторката обвинета за овој третман, Ранка Радуловиќ, се јави со коментар на социјалните мрежи.

Некој, вели таа, жали во тишина, некој преку медиумите. Таа ниту ги отфрла ниту ги потврдува тврдењата за начинот на кој им правела терапија на децата со народна музика.

„Време на жалост. Некој жали во тишина. Некој преку медиумите. Некој дава психијатриска прва помош. На повик. Од срце, памет и искуство. На сите по ред. Наставниците, учениците, родителите. На граѓаните. На првата линија. Не еден. Секој ден. Секогаш“,

гласи коментарот на Радуловиќ.

Слободан Негиќ, татко на девојчето Софија – едно од убиените во масакрот – зборуваше за ситуацијата во која биле ставени децата во емисијата „Впечаток на неделата“ на Нова ТВ.

Според неговите тврдења, настанот се случил на 5 мај (два дена по масовното убиство) и бил под покровителство на училиштето. Тој ден, како што раскажа тој, некои деца дошле во школото за да земат некои работи што им требале, а докторката била таму и ги внела во кабинетот.

„На ’мрачната психосеанса‘, која на децата им ја држела докторката Ранка Радуловиќ, со знаење на директорката на училиштето, на децата им пуштала народна музика и им зборувала дека треба да се поврзат со духовите и душите на своите загинати пријатели и пријателки. Не постои никој што може да објасни како се случило тоа. Тоа било без знаење на родители, девојче се вратило дома уплакано, во траума и рекло дека било на сеанса, дека било одвратно“,

рече Негиќ.

Таткото кажа дека ги изнесува сите информации во јавноста под целосна морална одговорност и дека е подготвен тоа да го брани на суд, како и дека добил согласност од мајка чие дете било на терапиите.

„Мислам дека изнесувањето на вистината е некој вид морална одговорност и дека нема место за се избегнуваат фактите бидејќи ние ни вака не разбираме што се случило“,

вели Негиќ.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Бројот на загинати во судирите во Судан порасна на 863 цивили

Следно

ВИДЕО: 3.000 Комити во еден глас ја пеат „Бисер балкански“, ова мора да го погледне секој МАКЕДОНЕЦ

Latest from Blog