СДСМ за случајот „Адитив“: Го поддржуваме секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби, никој не смее да биде над законот

December 11, 2024
1 min read

СДСМ го поддржува секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција.

„Одговорноста и транспарентноста се темелите врз кои ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Никој не смее да биде над законот. 

Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината. 

Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите.

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност.

СДСМ останува доследен на принципите на транспарентно и одговорно владеење, поттикнување на борбата против корупцијата и градење институции кои работат во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на партијата.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Агелер: „Споменикот на слободата“ во Кочани и скопскиот „Аквадукт“ фасцинираат со грандиозноста

Следно

Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop