СДСМ со нов кандидат за Струмица – Костадинов се повлекува од трката

July 2, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ официјално ги објави новите имиња за кандидати за градоначалници на неколку општини за претстојните локални избори. Меѓу нив, најголемо внимание привлече одлуката за Струмица – каде актуелниот градоначалник Костадин Костадинов нема да оди по нов мандат.

Наместо него, СДСМ ќе настапи со нов кандидат – Марјан Даскаловски, актуелен претседател на општинската организација на партијата во Струмица.

Актуелниот градоначалник Костадинов на Фејсбук, со долг и емотивен статус ја објасни причината за своето повлекување од трката.

„Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена“, истакна Костадинов, додавајќи дека не станува збор за страв од пораз, туку за недостиг од вистински предизвик и визија.

Со овој потег, тој најави и замрзнување на членството во СДСМ, сè додека, како што вели, „СДСМ не се врати таму каде што и е местото“.

Во статусот, Костадинов направи и ретроспектива на своето работење, посочувајќи низа проекти кои го обележале неговото градоначалничко портфолио – електричен јавен превоз, нови паркови, велосипедски патеки, урбанистички планови, зелени површини, транспарентност и финансиска стабилност на општината.

„Ова не е крај. Ова е гест – гест на зрелост, на чесност, на демократија. Да се повлечеш кога си најсилен – е најголема храброст“, порача Костадинов, додавајќи дека ќе остане активен во јавниот живот, најавувајќи ново интерпартиско делување по завршувањето на изборите.

Од СДСМ засега нема дополнителен коментар, освен кратката најава за новиот кандидат Даскаловски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Романски европратеник побара гласање недоверба на ЕК

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop