СДСМ бара оставки од Тошковски и Јанев по апсењето на полициските началници: „Време е за одговорност, време е за оставки“

June 13, 2025
1 min read

СДСМ вечерва упати остар повик до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, да си поднесат оставки по апсењето на полицајци и полициски функционери во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.

Партијата обвинува дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ четири месеци се обидувала да ја прикрие вистината и одговорноста за трагедијата.

„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.“

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирански пратеник: Шестата рунда преговори со САД нема да се одржи по израелските напади врз Иран

Следно

МНР апелира: Македонските државјани во Израел и Иран да бидат внимателни и да следат упатства

Latest from Blog

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027. Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина

Две сребра за македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика

Два сребрени медали освоија македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика што се одржува во Сукре во Боливија од 27 јули до 3 август. Сребрените медали ги освоија Дамјан Давков од

Леклер ја освои пол-позицијата на „Хунгароринг“

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, победи на денешните квалификации за Големата награда на Унгарија. Моначанецот ги заврши квалификациите со време од 1 минута и 15,372 секунди. Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, заврши

ЦУК: Активен еден пожар во земјава, изгаснати седум

На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 9 пожари на отворен простор, велат од ЦУК. Активен: 1Под контрола: 1Изгаснати: 7 АКТИВНИ: 11. Општина Долнени: с. Стровија, позади местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста
Go toTop