Саутгејт: Си заминувам ако не го освојам ЕП

June 11, 2024
1 min read

Репрезентативниот селектор на Англија, Герет Саутгејт ја отвори вратата за можно заминување од „Трите лава“ доколку селекцијата не успее да го освои Европското првенство во Германија.

-Ако не победиме, веројатно ќе си заминам. Така што ова може да биде мојата последна шанса да го освојам Европското првенство. Мислам дека околу половина од тренерите ќе ги напуштат своите позиции по овој настан, кој е дел од природата на меѓународниот фудбал, изјави Англичанецот и додаде: „Веќе бевме блиску до освојување на Европското. Во 2021 година почувствував одговорност кон цела земја. Знам дека во одреден момент луѓето ќе ја изгубат вербата“.

Репрезентацијата на Англија веќе е на германско тло каде се подготвува за стартот на ЕП 2024. „Трите лава“ се во групата „Ц“ заедно со Србија, Данска и Словенија.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Помошникот на Зеленски што владее со Украина

Следно

Русија и Белорусија ја започнаа втората фаза од заедничките нестратешки нуклеарни вежби

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop