Саудиска Арабија најави наскоро можни инвестиции во Иран

March 15, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Министерот за финансии на Саудиска Арабија, Мохамед ал-Џадан, изјави дека инвестициите на земјата во Иран може да се случат брзо, особено по неодамнешниот договор меѓу двете земји, јавува Анадолу.

Властите на Иран и Саудиска Арабија минатата недела во Кина се договорија да ги обноват односите по долгогодишната блокада.

„Саудиските инвестиции имаат можност во Иран“, рече Ал-Џадан на форумот за меѓународниот финансиски сектор на суверениот богат фонд на Саудиска Арабија, нагласувајќи дека не гледа проблеми во започнувањето на такви вложувања.

Тој истакна дека Ријад е посветен на сите обврски преземени во договорот со Техеран и додаде дека лидерите на двете земји јасно кажале дека регионот е стабилен и способен да обезбеди инвестиции и просперитет.

„Иран е наш сосед и така ќе остане стотици години. Не гледам никакви пречки за нормализирање на нашите односи, особено во областа на инвестициите и економскиот развој“, нагласи Ал-Џадан.

Откако САД ги обновија санкциите против Иран пред околу седум години, Техеран забележа пад на темпото на странски инвестиции, што негативно се одрази на неговото производство на нафта, природен гас и деривати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Дивоградби од Водно до Пластичарска, Герасимовски ветува рушења

Следно

Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop