Сантос на работ на испаѓање – Нејмар „во војна“ со судиите, тренерот и новинарите

November 13, 2025
1 min read

Бразилецот Нејмар ги нападна новинарите од еден весник за, како што напиша, за споделени невистини за него, но тоа е најмалиот од неговите проблеми во моментов.

Капитенот на Сантос беше немирен во последните денови, расправајќи се со судиите, со тренерот, а сега се отвори и кон новинарите, кои ги обвини дека лажат.

„Уште една лага измислена од е*ени новинари“, беше коментарот на Нејмар за статија за него и неговиот однос со неговиот тренер објавена во медиум. Ова е уште еден испад на Нејмар неодамна, откако тој постојано ги напаѓаше судиите за време на натпреварот со Фламенго (пораз од 2:3) и му држеше лекции на својот тренер за тоа што го замени.

Во горенаведената статија, која Нејмар ја напишал како неточна и ги нарече новинарите лажговци за тоа, се наведува дека тој му се извинил на тренерот по натпреварот, што го негираше во истата објава на Инстаграм.

Сето ова се случува шест кола пред крајот на сезоната во бразилската Серија А, во која Сантос можеби нема да игра следната сезона.

„Светците“ моментално се четврти од дното, во зоната за испаѓање, два бода зад првиот тим „над линијата“, и големо прашање е дали ќе го задржат статусот во елитата.

До крајот на сезоната, Сантос ќе одигра уште седум меча.

Нејмар, како што потсетуваме, се врати во клубот каде што е роден од Саудиска Арабија (Ал-Хилал) во зима, одлука што ги воодушеви навивачите, но резултатите на теренот се разочарувачки.

Сантос сега се соочува со втора елиминација од лигата за само две сезони, откако испадна од највисоката лига во 2023 година, за прв пат во својата 111-годишна историја.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бројот на жртви расте во Газа, израелската армија тврди дека „го скршила упориштето на Хамас“ на Западниот Брег

Следно

Турски противпожарен авион се урна во Хрватска (ФОТО)

Latest from Blog

Фановите на Партизан во шок од тоа кој е новиот тренер на “црно – белите“! (ФОТО)

ФОТО: FK Partizan/X Се најавуваше големо, познато фудбалско име, но ништо од тоа. Раководството на Партизан ги пшокираше фановите на клубот со одлуката тимот да го води Ненад Стојаковиќ до јуни следната

Полицијата во Јапонија доби овластување да пука во мечки: Причина – чести напади врз луѓе

Поради зголемениот број напади од мечки, Јапонија ѝ дозволи на полицијата да користи оружје за убивање мечки почнувајќи од четврток, објавија локалните медиуми. Според извештајот на Кјодо њуз, стапија на сила новите

Владика Петар до Вранишковски: Се служи со големи манипулации, Господ да му прости

Во неговото искажување, во претходните како и во последното, Вранишковски се служи со големи манипулации, жалам јас и Господ да му прости, ако прошка може да се даде за свесно изнедување невистини,

Објавен е трејлерот на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“- по 20 години се собра славната екипа (ВИДЕО)

Речиси дваесет години откако ги добија своите легендарни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат на модните улици на Њујорк

Ајкула од пет метри е снимена во близина на популарно летувалиште, за научниците тоа е одлична вест

Но, истражувачите открија дека под површината на Балеарското Море е скриено многу повеќе отколку што се гледа на прв поглед. Тим научници, предводен од фондацијата „ Save the Med “, забележа ретко
Go toTop