Сања Лукаревска поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

1 min read

 

Директорката на Управата за јавни приходи поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ. Ова е четврта оставка во партијата откако претходно оставки си поднесоа и Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Јована Тренчевска.

Лукаревска ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и на сите пратеници кои ќе бидат во новиот собраниски состав.

 

„СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам. Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. – наведе Лукаревска.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Палестинските мајки кои останаа без своите деца ги повикуваат земјите во светот да ја сопрат војната во Газа

Следно

Италија и Германија со по пет екипи во Лигата на шампиони

Latest from Blog