Само во Холивуд и Битола: „Еден е Манаки“ и по една ѕвезда за лауреатите на Златна Камера на Широк Сокак

September 7, 2024
2 mins read

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус. 

Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот. 

– Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, вели Дамевски. 

Оваа своевидна „Патека на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом.  Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати  ќе присуствуваат на гламурозната свеченост на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и  годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство. 

Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“. 

Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, директорот на фестивалот говори за  напорите во неговиот четиригодишен мандат да го промовира и стави фестивалот во фокус на светската кинематограферска фела. Успехот се огледува, како што посочува, во постојаниот раст на бројот на гости на фестивалот и искористувањето на промените што се случуваат во филмската индустрија во последните години.

– Мојата крајна намера е овој фестивал не само да ја одбележува кинематографијата, туку да го сврти и веќе го врти окото на индустријата кон нас. На овој фестивал доаѓале наши медиуми, локални и регионални медиуми. Годинава, првпат ја имаме елитатата на филмската кинематограферска индустрија и светски најпознатите магазини посветени на филмската уметност. Ни доаѓа Бритиш синематографер, кое е едно од двете најголеми списанија, Американ синематографер, најголемото списание, доаѓа Синегрл, главното списание за жени во филмската индустрија, доаѓа Дефинишн магазин. Во моментов преговараме со Варајети кое е најголемото списание за филм во светот, кое досега најблиску во регионот било во Сараево и во Солун. Ни најавија дека ќе дојдат, и преговараме во моментов ако дојдат да има на една страница реклама за фестивалот „Браќа Манаки“. Значи тоа е растот што го правиме, вели директорот на Фестивалот. 

Мотото на фестивалот годинава е „Еден е Манаки“. Се отвора на 21 септември, а ќе го донесе кремот на светската кинематографска фела. Во Битола се очекува да пристигнат  17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијацијации.  Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвара филмот „Партенобе“,на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години. Со македонската премиера на  филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, ќе се затвори Фестивалот. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дождот во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовско

Следно

АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на Независноста на Република Македонија

Latest from Blog

Скопскиот аеродром во првите 10 месеци од 2024 година опслужил над 2,5 милиони патници

Аеродромот во Скопје се рангираше на 135 место по фреквентнос во Европа, и ги надмина аеродромите во Понга Делгада, Закинтос и Тромсо. Во периодот од јануари до октомври оваа година, низ скопскиот

Чупеска: Владата не испорача ништо од ветеното, туку тргна да го окупира безбедносниот систем

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во синоќешната емисија Клан дебата истакна дека ништо што беше ветено во кампањата не е испорачано од страна на Владата. Наместо проекти, Чупеска кажа дека Владата тргнала

Јанев: Го враќаме достоинството и интегритетот на полицаецот – столбот на јавниот ред и безбедност

Состанок посветен на темата за враќање на достоинството и интегритетот на полицаецот – столбот на јавниот ред и безбедност се одржа вчера во МВР, а на кој присуствуваа раководните структури од Секторите

Претседателските избори во Романија како референдум за европската иднина на земјата

  во недела Рoманија би можела да го избере својот прв екстремно десничарски претседател, на клучни избори за земјата членка на ЕУ и НАТО која се граничи со Украина. Екстремно десничарскиот политичар
Go toTop