Само една жена меѓу осумте добитници на државните награди „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“

December 8, 2024
1 min read

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста. 

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли кој, во обраќањето за значењето на св. Климент Охридски и неговата просветителска дејност, рече дека тој е епископ и едукатор кој  ги обединува религиските и  секуларните вредности кои траат до денес.

– Тие отрајуваат до денешен ден и со своите историски, лингвистички, културни и педагошки значења и вредности, и такви бездруго ќе траат и во иднина… Луѓето од културата, од уметноста, од образованието и воспитанието, чии личности и дела денес ги чествуваме со оваа  највисока државна награда, се најдобрите гаранти за тоа заедничко напредување во и на нашата држава и култура, истакна Османли.

Во име на добитниците на наградата се заблагодари професорката од УКИМ, Маја Бојџиевска, која во својот говор го нагласи нееднаквото вреднување на придонесот на жените во овие области и побара тие да го добијат заслуженото место во општеството.  

Наградата им ја посвети на, како што рече, сите невидливи претходнички затоа што таа е единствената жена меѓу вкупно осум добитници што годинава ги добија наградите  „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“.

null

– Зарем навистина мислите дека е тоа реалната слика за постигнувањата на жените во нашата средина? Зарем тоа што мене ми беше делегирана задачата да се заблагодарам со овој говор може делумно или симболички да се покрие суштинскиот придонес на жените во овие општествени полиња?… Тоа, се разбира, мора да се промени – не само со најтешката од сите задачи, онаа што се вика промена на свеста, туку со умни, активни, прогресивни политики,  базирани на силна убеденост, базирани на искреност,  на градење целосно инклузивен систем на вредности, истакна проф. Бојаџиевска.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ИМ ЈА ПОСВЕТУВАМ НА СИТЕ МОИ НЕВИДЛИВИ ПРЕТХОДНИЧКИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА МАЈА БОЈАЏИЕВСКА

Следно

Укината забраната за тешки возила на превојот Стража

Latest from Blog

Џеда – музеј под отворено небо каде што историјата се спојува со современиот живот

ЏЕДА (АА) – Улиците на саудискиот град Џеда, кои потсетуваат на музеј под отворено небо со историските џамии и традиционалните градби, се исполнети со динамиката на секојдневниот живот, јавува Анадолу. Џеда, кој

Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром

На Меѓународниот аеродром во Скопје одложени се неколку летови поради маглата што ја зафати скопската котлина во изминатото деноноќие. Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од

СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека

21-годишно момче следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал

21-годишник е обвинет за напад врз 19-годишна девојка во Скопје. Обвинителството тврди дека на 14 јануари осомничениот ја следел девојката од трговски центар до влез во зграда, каде што ја нападнал и
Go toTop