Самит на НАТО: Неизвесна средбата Мицкоски – Мицотакис

1 min read

Мицкоски и Мицотакис вечерва на иста маса на НАТО Самитот во Вашингтон – тет а тет средбата се уште неизвесна. 

Кнап агенди најавувуваат и македонската и грчката страна, тврдат дека официјална билатералка помеѓу Киријакос Мицотакис и Христијан Мицкоски не е планирана,  иако никој не исклучува разговор на маргините на Самитот. Едно е сигурно и двајцата премиери вечерва ќе присуствуваат на исти настани: состанокот на НАТО и вечерата во Белата куќа.  

И додека се чека лидерите на членките на НАТО да седнат на заедничка маса, на трибина на Советот за надворешни односи, Мицотакис повтори дека ќе го покрене прашањето за Преспанскиот Договор и дека македонската влада треба да го употребува името Северна Македонија ерга омнес.

Киријакос Мицотакис премиер на Грција – Ова е нешто, за што едноставно не се преговара. Тоа е многу јасно, стои во Преспанскиот Догвор и Грција нема да преговара за тоа. И кога слушнав дека новата влада на Северна Македонија, државата ја нарекува Република Македонија, внатрешно во рамки на земјата, имам сериозна загриженост. Ова е прашање кое планирам да го покренам, тоа не е конструктивно, не помага за европскиот пат на Северна Македонија , тоа е непотребно усложнување.

Во меѓувреме пак Мицкоски остварува средби во Вашингтон. Од Илинденска бр 2 соопштуваат дека заедно со премиерите Еди Рама од Албанија и Милојко Спајиќ од Црна Гора, се сретнале со сенаторката  Шајин и сенаторот Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.  

Мицкоски на средбата порачал дека блокадите треба да бидат одлика на минато време. 

– Блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните, информираат од Влада на Република Северна Македонија. 

На само еден ден пред стартот на Нато Самитот, експертите порачаа дека нема желба кај сојузниците во Воената Алијанса да слушаат и да дискутираат за билатералните прашања меѓу Скопје и Атина. Грчки експерти за ТВ 24 порачаа дека во следниот период е потребен суштински разговор меѓу двајцата премиери на неутрален терен, за време на Самитот во Вашингтон, пак, најавија, само дека е можна кратка комуникација без политички ефект. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Палестинец девет месеци бил во израелски притвор: Поради последиците од тортурата мисли дека сѐ уште е во затворот

Следно

Дани Олмо после ЕП ќе реши каде ќе игра наредната сезона

Latest from Blog