САД ставија на „црната листа“ ирански фирми чии дронови ги користи Русија во Украина

1 min read

Од Мисијата на Иран во Обединетите нации од каде порачаа дека санкциите нема да имаат ефект врз нивниот капацитетот за производство на беспилотни летала

Последници од напад со дрон во Киев / Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

САД денеска додадоа седум фирми од Иран на листата со санкции бидејќи станува збор за компании кои се поврзани со производство на беспилотни летала (дронови) што Русија ги користеше за напад во Украина.

Во соопштението на Министерството за трговија се истакнува дека со своите дронови Иран ја снабдува Русија за потоа таа да ги користи во Украина, што е против националните интереси и безбедноста на САД.

Санкционираните ентитети се додадени на списокот на фирми и организации во кои не смее да се врши извоз. За извоз во Иран ќе биде потребна лиценца, но се очекува сите барања да бидат одбиени, освен оние кои се однесуваат на храна и лекови.

На списокот санкционирани се ирански организации поврзани со разработка и производство на мотори за авиони, воено-космичките сили на Корпусот на стражите на исламската револуција, компанијата МАДО, која е специјализирана за производство на делови за беспилотни летала, а санкционирана е и на компанијата „Паравар“ за создавање на дроновите камикази „Шахед“ и претпријатието „Шехад авиејшн индустрис“.

Реакцијата на ваквиот потег на САД имаше мисијата на Иран во Обединетите нации од каде порачаа дека санкциите нема да имаат ефект врз нивниот капацитетот за производство на беспилотни летала.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Отворањето на женскиот фудбалски Мундијал префрлено на поголем стадион

Следно

Вашингтон: Русија не го почитува последниот нуклеарен договор што ги поврзува

Latest from Blog