САД соборија летечки објект над Алјаска

1 min read

Објектот паднал во водите на САД кои поради ниските температури во моментов се замрзнати

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Објект на висока височина е соборен над Алјаска, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека беспилотниот објект бил со големина на мал автомобил и се наоѓал над ретко населена област. Одлуката да се собори објектот кој е од непознато потекло ја донел американскиот претседател Џо Бајден.

Според изјавата на Кирби, објектот над Алјаска се движел на височина од околу 12 000 метри и претставувал „реална закана“ за цивилните авиони.

При соборувањето, тој паднал во водите на САД кои поради ниските температури во моментов се замрзнати.

Американските разузнавачи за овој објект дознале вчера вечерта.

„Не знаеме кој го поседува, дали е во државна или корпоративна сопственост“,

изјави Кирби.

Пред соборувањето, борбен авион му се приближил на објектот и проценил дека во него нема никој. Информацијата дека е празен му била позната на Бајден пред да ја донесе одлуката за соборување.

Соборувањето на неидентификуваниот летечки објект доаѓа нецела недела откако САД соборија кинески балон над нивните територијални води кај Јужна Каролина.

Во овој момент, според Белата куќа, не се идентификувани други летечки објекти кои се од заканувачка природа за САД.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

САД и Велика Британија воведуваат санкции поради корупција против петмина поранешни државни службеници и пет правни лица од Бугарија

Следно

Шефот на „Белите шлемови“: ОН мора да му се извинат на сирискиот народ

Latest from Blog