САД со нови санкции против Русија и Иран поради држење на Американци како заложници

1 min read

Денешните санкции се една од низата напори да се обезбеди ослободување на државјани на САД погрешно приведени во странство, да се промовира одговорност за виновниците и со тоа да се спречи и одврати следниот сет на случаи, велат високи претставници на администрацијата на САД

ФОТО: МИА

Властите во САД воведоа нови санкции за руската разузнавачка агенција ФСБ и Иранската револуционерна гарда поради обвинувајќи ги дека се одговорни или соучесници во погрешно приведување Американци во странство, како што е новинарот на „Волстрит журнал“, уапсен во Русија минатиот месец, изјавија високи претставници на администрацијата на САД.

„САД покажуваат дека никој не може да се вклучи во такво ужасно однесување без да се платат последици“,

нагласи висок американски функционер.

Високи претставници на администрацијата на Бајден велат дека потегот има за цел да покаже дека ќе има последици за оние кои се обиделе да искористат американски граѓани за политичка потпора или да бараат отстапки од Вашингтон.

„Денешните санкции се една од низата напори да се обезбеди ослободување на државјани на САД погрешно приведени во странство, да се промовира одговорност за виновниците и со тоа да се спречи и одврати следниот сет на случаи“,

велат претставниците на администрацијата.

Оттаму додаваат дека денешните мерки се првите и дека се работи на повеќе санкции.

Русија и Иран држат голем број американски граѓани во нивните затвори, за кои Вашингтон вели дека се незаконски и политички обвинети.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Путин: Нуклеарната централа „Акују“, еден од најголемите руско-турски проекти

Следно

Шмит ја наметна одлуката за формирање влада на Федерацијата Босна и Херцеговина

Latest from Blog