САД: Продолжуваат студентските протести против израелските напади врз Газа

April 27, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Протестите за поддршка на Газа, кои започнаа пред повеќе од десет дена на Универзитетот Колумбија во Соединетите Американски Држави (САД) и се проширија на многу универзитети низ светот, продолжуваат, а студентите поставија бројни кампови барајќи прекин на израелските напади, јавува Анадолу.

Студентите од Технолошкиот институт за технологија (FIT) поставија шаторски камп во музејот во Гудман центарот на ФИТ во Њујорк.

Протестите ги продолжуваат и студентите од Универзитетот Њујорк, додека студентите на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија поставија камп во областа на подрачјето на паркот Вајт Плаза.

Во протестите против израелските напади врз Газа се вклучија и струдентите од Универзитетот на Централна Флорида во кампусот во Орландо.

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш, во енклавата загинаа повеќе од 34.300 Палестинци, а речиси 77.300 се повредени.

Израелската офанзива принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Модриќ трет странец според бројот настапи за Реал

Следно

Украина ги скри Абрамсите

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop