САД ја повикаа Србија да работи со ОБСЕ за да ја реши загриженоста во врска со неправилностите на изборите

December 19, 2023
1 min read

Според извешајот на ОБСЕ/ОДИХР, изборите во Србија се одржале во време на висока поларизација и интензивна конкуренција меѓу различни политички опции

САД денеска ја повикаа Србија да одговори на загриженоста во врска со неправилностите на парламентарните избори одржани во неделата кои ги нотираше ОБСЕ.

„Би сакале Србија да работи со ОБСЕ за да ги реши овие грижи. Неправилностите пријавени од ОБСЕ и другите набљудувачи на изборите треба да се истражат, а насилството врз изборните органи, новинарите и акредитираните набљудувачи е неприфатливо“,

им рече на новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Во преодната изјава за изборите во Србија во понеделникот, Милер не ги коментираше наводите за изборни нерегуларности, наведувајќи дека САД со нетрпение очекуваат „продолжување на соработката со следната влада на Србија за зајакнување на демократското владеење и владеењето на правото и промовирање на регионалните стабилност“.

Меѓународните набљудувачи кои ја претставуваат Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Советот на Европа и Европскиот парламент во понеделникот во Белград изјавија дека се забележани сериозни нерегуларности во предизборната кампања, како и дека имало купување гласови. Нотирани беа и проблеми како што се пристрасно известување во медиумите и доминација на шефот на државата и владејачката партија. Според извешајот на ОБСЕ/ОДИХР, изборите во Србија се одржале во време на висока поларизација и интензивна конкуренција меѓу различни политички опции.

Претходно, Европската Унија (ЕУ) посочи дека нема да се произнесе во врска со изборите во Србија додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарните изборни резултати.

ЕУ нема да се произнесе за изборите во Србија додека ОБСЕ/ОДИХР не ги презентираат прелиминарните резултати

Германија оцени дека неправилностите кои ги утврдиле меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Србија се неприфатливи за земја која претендира да се приклучи на Европската Унија.

Поддржувачите на опозициската листа „Србија против насилството“ (СПН) втора ноќ протестираат пред Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград поради нерегуларности на изборите, пред сè поради големиот број гласачи од Република Српска.

На демонстрантите, кои бараат поништување на изборите за град Белград, им се придружија и потписниците на ПроГлас, иницијатива на јавни личности, кои пред изборите повикаа да се излезе на гласање.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Kој му нуди? Таравари лицитира со број на министри што би му ги понудиле ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Советот за безбедност на ОН се обидува да постигне договор за Газа

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop