САД бараат одговорност за злосторства на Русија во Буча

April 1, 2023
1 min read

САД ги подржуваат напорите на Украина и на меѓународната заедница да се документираат и истражат злосторствата на руските војници во Буча, соопшти синоќа државниот секретар Ентони Блинкен.

Изјавата на Блинкен во виртуелно обраќање на Буча самитот доаѓа по повод годишнината од масакрот што руските окупациски сили лани го извршија во ова предградие на Киев.

-Денеска се придружуваме на земјите и организациите низ целиот свет да се продоложи да се бара правда за Украинците во Украина. Повторуваме дека она шо се случи во Буча и во другите градови и тоа што продолжува да се случува во Украина е неприфатливо, рече Блинкен.

Тој истакна дека руските сили и официјални лица во Украина извршили и продолжуваат да извршуваат воени злосторства и злосторства против човештвто.

-Се заложуваме себеси на почитување на цената на човечката личност, како што е утврдено во Декларацијата на ОН, рече тој.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трамп се пофали дека собрал над 4 милиони долари од донации за 24 часа по веста за обвинението

Следно

Фон дер Лајен кандидатка за генерален секретар на НАТО

Latest from Blog

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото

Пијано дуото „Променада“ ќе одржи концерт во македонската филхармонија

Во понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ со пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M.

Генерација Z и пазарот на трудот: Како младите ја гледаат својата иднина?

Во октомври 2024 година, платформата „Startuj Infostud“ спроведе истражување меѓу 1.805 млади во Србија со цел да добие подлабоко разбирање за нивните ставови и искуства во врска со пронаоѓањето работа и очекувањата
Go toTop