САД бараат граничниот премин Рафа да биде отворен што е можно поскоро

May 8, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Белата куќа вчера соопшти дека сака граничниот премин Рафа меѓу опколениот Појас Газа и Египет да биде отворен што е можно поскоро откако израелските сили ја зазедоа областа, известува Анадолу.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, за новинарите изјави дека американскиот претседател Џо Бајден за време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху укажал на потребата брзо да се отвори граничниот премин Керем Шалом меѓу јужниот дел на Газа и Израел, бидејќи е главен влезен пат за испорака на хуманитарна помош.

Кирби додаде дека Нетанјаху го уверил американскиот претседател дека преминот ќе биде отворен многу брзо.

„Мораме да видиме дека ќе се случи тоа, но во моментов преминот е затворен. Рафа е исто така затворен и сакаме да го видиме отворен што е можно поскоро“, рече Кирби.

Тој нагласи дека од клучно значење е да се продолжи со испораката на хуманитарна помош за Газа.

„Тоа беше главната поента што претседателот Бајден ја кажа вчера во телефонскиот разговор со Нетанјаху, а ние го поддржавме тоа на други нивоа во администрацијата“, додаде Кирби.

Израелската војска вчера рано наутро соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа.

По најавата на палестинската група Хамас за прифаќање на катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот во Газа, израелскиот воен кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел, како што наведе, „воен притисок врз Хамас за да се напредува во ослободувањето на заложниците и за други воени цели“.

Израелската Армија издаде итна наредба за евакуација на Палестинците во источните населби на Рафа и ги повика да се преселат во градот Ал-Маваси во јужниот дел на Газа.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната откако Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, во израелските напади загинаа повеќе од 34.700 Палестинци, главно жени и деца во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во живо Парламентарни и претседателски избори

Следно

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop