Руте: Можам да потврдам дека севернокорејски војници се распоредени кај Курск

October 28, 2024
1 min read

Можам да потврдам дека војници од Северна Кореја се испратени во Русија, а севернокорејски воени единици се распоредени во областа на Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Според него, распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија претставува значајна ескалација на тековното вклучување на Северна Кореја во илегалната руска агресија, уште едно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и опасно проширување на војната. 

– НАТО ги повикува Русија и Северна Кореја веднаш да престанат со овие акции, изјави Руте по заседанието на Северноатлантскиот совет на кое учествуваше и делегација на Јужна Кореја и на кое, како што нагласи, се расправало за „зголемената вмешаност на Северна Кореја во илегалната агресивна војна на Русија против Украина“. 

Јужнокорејската делегација вклучувала високи претставници од Националната разузнавачка служба и на Министерството за национална одбрана на земјата, кои заедно со некои од сојузниците од НАТО ги споделиле своите разузнавачки проценки. 

– Продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана и за индо-пацифичката и евроатлантската безбедност. Таа го поткопува мирот на Корејскиот Полуостров и ја поттикнува руската војна против Украина. Пјонгјанг веќе и достави на Русија милиони парчиња муниција и балистички ракети кои поттикнуваат голем конфликт во срцето на Европа и ги поткопуваат глобалниот мир и безбедност, рече Руте. 

Според него, во замена, рускиот претседател Владимир Путин и дава на Северна Кореја воена технологија и друга поддршка за заобиколување на меѓународните санкции. 

– Ова ја покажува важноста демократиите да стојат заедно за да ги поддржуваат нашите вредности и да се соочат со нашите заеднички безбедносни предизвици. Распоредувањето на севернокорејските трупи во Курск е исто така знак за растечкиот очај на Путин, додаде Руте.  

Тој истакна дека над 600.000 руски војници се убиени или ранети во „војната на Путин“ и тој не може да го издржи нападот врз Украина без странска поддршка, бидејќи Украинците возвраќаат со храброст, издржливост и генијалност.

– Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат слободна и демократска Украина, бидејќи безбедноста на Украина е наша безбедност. Денеска разговаравме за потребата од дополнително зајакнување на воената поддршка за Украина. Активно се консултираме во рамките на Алијансата, со Украина и со нашите индо-пацифички партнери за овие случувања и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, изјави Руте, информирајќи дека за денеска има закажано разговори со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

УХМР: Следните два дена облачно, во среда слаб локален дожд

Следно

Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive” доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop