Руска армија: Наш ловец пресретна германски авион над Балтичкото Море

April 12, 2023
1 min read

Руските служби за контрола на воздушниот простор над Балтичкото Море денеска открија воздушна цел која се приближува до руската граница. Полета ловец Су-27 и го идентификуваше леталото како базичен патролен авион П-3Ц Орион на германската морнарица, соопшти Министерството за одбрана

Руската војска соопшти дека испратила борбен авион да пресретне авион на германската морнарица кој се приближувал до границата преку Балтичкото Море, пренесе агенцијата Хина.

„Руските служби за контрола на воздушниот простор над Балтичкото Море денеска открија воздушна цел која се приближува до руската граница. Полета ловец Су-27 и го идентификуваше леталото како базичен патролен авион П-3Ц Орион на германската морнарица. По пристигнувањето на рускиот авион, странскиот воен авион се оддалечи од руската граница и рускиот ловец безбедно се врати на матичниот аеродром“,

соопшти Министерството за одбрана на каналот на Телеграм.

Германскиот авион не ја преминал границата, се додава во соопштението.

Инциденти со руски и НАТО авиони се случуваат во последните години, дури и пред почетокот на конфликтот во Украина.

Често се јавуваат над Балтичкото Море, но и над Црното Море и на други места.

Во март, руските воздухопловни сили пресретнаа американски беспилотно летало Реапер МК-9 во Црното Море, кое падна во морето.

Фото: EPA PHOTO EPA/SERGEI CHIRIKOV/sc/mda

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Требаше за осум недели, но и по осум месеци од првата лопата нема фабриката за електрични автомобили во Тетово

Следно

Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

Latest from Blog

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само концерт, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот што тивко растел, цели 23 години. Бојана Скендеровски конечно

Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Полицискиот комесар
Go toTop