Русија во текот на ноќта изврши воздушни напади врз украинските градови, вклучувајќи го и Киев

May 1, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Русија во текот на ноќта изврши интензивни воздушни напади на украинските градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, известува Анадолу.

Началникот на Градската воена управа на Киев, Сергеј Попко, на својот профил на социјалните мрежи објави дека Русите синоќа извршиле интензивни напади на Украина.

Посочувајќи дека нападите, според првичните проценки се изведени со стратешките авиони „Ту-95“, Попко наведе дека „тревогата за воздушни напади во главниот град траела околу три часа. Русите истовремено извршиле напади и со крстосувачки ракети и со беспилотни летала“.

Попко информираше и дека одбранбените системи во воздушниот простор на Киев ги уништиле сите руски ракети и беспилотни летала, и дека нема човечки жртви, како и дека не се оштетени станови ниту инфраструктурата.

Во соопштението на украинскиот Генералштаб се наведува дека руската војска синоќа со пет проектили ги нападнала градовите Краматоск, Константинивка и Павлоград.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи во врска со нападите на градот Павлоград, може да се види дека се скршени прозорците на становите и дека во дел од градот избувнал голем пожар.

Началникот на Воената управа на Дњепарската Област, Сергеј Лисак, на својот профил на социјалните мрежи објави дека во руските напади на овој град се повредени 25 лица, меѓу кои и три деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Уделот на домашното производство во одбранбената индустрија на Туркије е на ниво од 80 %

Следно

„Средноленд“ од утре во Скопје

Latest from Blog

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.

Во Белгија издадено портокалово предупредување поради опасен екстремен топлотен бран

СКОПЈЕ (AA) – Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули, јавува Анадолу. Според Институтот, Белгија

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти
Go toTop