МОСКВА (АА) – Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека руските сили презеле контрола над селото Видроџенија во украинската област Доњецк, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Министерството, селото паднало под руска контрола по операцијата предводена од силите на групата Центр (Центар).
Видроџенија се наоѓа јужно од градот Курахове, клучно упориште и центар за снабдување на украинските сили во регионот, каде што има и термоелектрана.
Украина сѐ уште не одговорила на тврдењата на Русија, а независната проверка е тешка поради тековниот вооружен конфликт.
Извор: Anadolu Agency (AA)