Русија тврди дека нејзините сили погодиле клучни точки за одлучување во Украина

May 30, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руските сили во Украина ги погодиле централните точки на донесување одлуки од кои под водство на западните разузнавачки агенции биле планирани терористички напади врз Русија, јавува Анадолу.

„Во текот на изминатиот ден Руските вооружени сили извршија напади на централните точки на одлучување, каде што се планирани терористички напади против Русија под водство на западните сили. Тие точки во Украина беа погодени со ракети со долг дострел и висока прецизност од воздух. Сите дадени цели се погодени“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Од друга страна, во утринските часови се извршени напади со беспилотни летала врз Москва, главниот град на Русија, а оштетени се и дел од зградите погодени од леталата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нападот врз Москва е одговор на претходниот напад на Русија врз центарот на одлучување во Украина.

Советникот на Кабинетот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, изјави дека Украина нема никаква врска со нападот на Москва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Турската демократија и турскиот народ победија на изборниот маратон

Следно

Француски репрезентативец побара да си замине од Баерн Минхен

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop