Русија спроведува поморска обука за одбивање на нападите со беспилотни летала

1 min read

МОСКВА (АА) – Руските поморски сили денес започнаа еднодневна воена вежба за одбивање напади со беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.

„Вежбата се одржува во рускиот град Новоросијск и се состои од две етапи, во кои војниците ќе се обучуваат да се спротивстават на воздушните и на водените беспилотни летала“, соопшти Министерството.

„Воената морнарица ќе спроведе и вежби за артилериско гаѓање од столбовите на Военото пристаниште“, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Голем пожар во грчкиот град Патра, евакуирани детска болница и жителите на неколку населби

Следно

Кој и зошто ги убива рибите во Брегалница?

Latest from Blog