Русија ноќеска со 17 дрона ја нападна Украина, Украинците возвратија со пет дрона во регионот Брјанск

April 10, 2024
1 min read

Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 17 јуришни беспилотни летала „Шахед-131/136“, две крстосувачки ракети „Искандер-К“ и една балистичка ракета „Искандер-М“, што беа насочени кон регионите Одеса, Николаев, Херсон и Кировоград, соопштија украинските власти.

Во текот на утрото во Одеса се слушнаа силни експлозии, а соопштено е дека во рускиот напад биле оштетени енергетски објект, приватна куќа и неколку автомобили, пренесуваат украинските медиуми.

-Украинските одбранбени сили уништија 14 непријателски нападни беспилотни летала „Шахед“, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал Микола Олешчук.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле пет украински беспилотни летала на небото над областа Брјанск.

„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала над територијата на регионот Брјанск“, се наведува во соопштението на руското Министерство објавено денеска, пренесено од руските медиуми.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или причинета материјална штета во овој напад.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган упати бајрамска честитка до целиот исламски свет

Следно

Лепа Брена откри се’ за човекот кој и го предвидел успехот: И денеска палам свеќа за него

Latest from Blog

Двајцата кандидати гласаа во вториот круг од претседателските избори во Романија

Двајцата кандидати во вториот круг од претседателските избори во Романија, крајниот десничар Џорџе Симион и независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт Никушор Дан, гласаа на изборите. Симион дојде на избирачкото место заедно со

Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на свечена церемонија во Бахреин прими седум нови членови во своја Куќа на славните, меѓу кои најзвучни имиња се легендарниот југословенски кошаркар Ратко Радовановиќ и двократниот НБА првак,

Папата Лав XIV: „Децата, цели семејства, старите лица во Газа се донесени до состојба на гладување“

АТИНА (АА) — „Децата, семејствата и старите лица во Газа се доведени до состојба на гладување“, истакна денес папата Лав XIV на неговата инаугуративна миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, пренесува

Мицкоски најави големи промени во партијата и во Владата: Ќе се разрешуваат сите оние кои “ќе не посрамотат како структура и како луѓе“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави големи промени во партијата ВМРО-ДПМНЕ, но и во Владата. Како што вели, примерот за промени мора да го дадат токму они. „Најавувам дека веднаш по редовиот конгрес
Go toTop