Русија: Еруптираше вулканот Шивелуч, пепел на висина од 20 километри

April 11, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Вулканот Шивелуч на рускиот полуостров Камчатка еруптираше рано утринава и исфрли облак од пепел висок до 20 километри, пренесува Анадолу.

„Ерупцијата на вулканот Шивелуч продолжува. Според сателитските податоци, тој исфрли уште еден облак од пепел, чија висина е околу 12 илјади метри надморска височина“, соопшти Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науките.

Според податоците на службата, досега се забележани четири максимални фази на ерупција, максималната висина на облакот од пепел над вулканот Шивелуч достигна 20 километри надморска височина, а облакот од пепел се прошири до 400 километри.

Подрачјето во близина на вулканот е ненаселено, но некои луѓе настрадаа од вулканската пепел, која ветерот ја разнесе во населените подрачја. Властите затворија некои автопати во близина на вулканот и предупредија на опасноста што ерупцијата може да ја претставува за воздушниот сообраќај во областа.

Шивелуч, висок 3.283 метри, е еден од најголемите и најактивните вулкани на Камчатка. Вулканот имал околу 60 значајни ерупции во последните 10.000 години, а последната голема ерупција се случила во 2007 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајк на младите лекари во Велика Британија, бараат повисоки плати

Следно

Активности за санација на сообраќајната опрема и сигнализација низ градските улици

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 25 Јануари 2026

ОВЕН Денеска повеќето од вас ќе ја претпочитаат удобноста на домот и сопственото друштво пред состаноците и активните активности надвор. Дозволете си да „одморите со бавно темпо“, на овој начин ќе се

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8

Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени,

Мањан во Милан до 2031

Реномираниот „Газета Дело Спорт“ објавува дека голманот на Милан Мајк Мањан ќе потпише нов перманентен договор со клубот, кој што ќе е важечки до 2031. Актуелниот е важечки до крајот на сезоната,
Go toTop