Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески

January 25, 2026
1 min read

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого, како што наведуваат оттаму и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост.

Акцијата ќе се одржи во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот, а во нејзина организација се вклучува Општинскта организација на Црвен крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.

-Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, а особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознава позитивен пример, се наведува во соопштението. 

Досега, преку овие крводарителски акции се собрани над 6.000 единици крв, при што, како што се додава во соопштението, особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што Тоше ги пренесуваше.

-Доброволното крводарителство во Република Македонија има една јасна и благородна цел – да се мотивираат што поголем број граѓани доброволно да даруваат крв, со што ќе се обезбедат неопходните количини крв и крвни продукти за навремено и успешно лекување на болните и повредените. Крводарителството ги негува вредностите на хуманост и солидарност, особено кај младите, и придонесува за подигнување на здравствената култура и јавната свест. Крвта, како лек, сè уште е незаменлива и нејзиното обезбедување зависи исклучиво од хуманоста и добрата волја на крводарителите, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв. Затоа, мотивирањето и вклучувањето на населението во вакви акции е од исклучително значење за градење позитивен однос кон крводарувањето и за спасување човечки животи, додаваат од Црвен крст.

Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Гази Баба  ги повикуваат сите хумани граѓани да земат учество во оваа крводарителска акција и како што велат, заедно, во духот на Тоше Проески, да покажеме дека хуманоста живее. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 25 Јануари 2026

Следно

Петрушевски: Дали Филипче со идејата за преземање на Клиничката болница Жан Митрев планирал приватизирање на јавни пари бидејќи драстично ја зголемил сумата префрлена од ФЗО

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop