Русија е подготвена да прифати продолжување на договорот за извоз на украинско жито, но само за 60 дена  

1 min read

Обединетите нации и Турција во јули минатата година посредуваа во договорот меѓу двете завојувани страни (Русија и Украина) со кој и беше овозможено на Украина, која е една од клучните житници во светот, да испорачува храна и ѓубрива од трите нејзини пристаништа на Црното море. Договорот кој се однесуваше на период од 120 дена беше продолжен во ноември и истекува в сабота

Москва е подготвена да прифати продолжување на договорот за извоз на украинско жито, но само за 60 дена, додека Кремљ чека промена во начинот на кој функционира аранжманот. Ова денеска го соопштила руската делегација на разговорите со високи претставници на Обединетите нации (ОН).  

Договорот и овозможува на Украина да извезува жито и ѓубрива од трите нејзини пристаништа на Црното море/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Обединетите нации и Турција во јули минатата година посредуваа во договорот меѓу двете завојувани страни (Русија и Украина) со кој и беше овозможено на Украина, која е една од клучните житници во светот, да испорачува храна и ѓубрива од трите нејзини пристаништа на Црното море.  

Договорот кој се однесуваше за 120 дена и кој помогна да се неутрализираат дел од последиците од растот на глобалните цени на храната, беше обновен во ноември, минатата година. Ова продолжување на договорот истекува в сабота, а на преговарачката маса е ставено уште едно негово продолжување од 120 дена. 

Москва, како што пишува агенцијата Асошиејтед прес, е незадволна и фрустрирана што со паралелниот договор со кој и се дозволува на земјата да ивезува руска храна и ѓубрива кои се користат ширум светот, доведе тоа тоа да се извезе само руското ѓубриво, но не и руско жито.  

„Сеопфатната и искрена дискусија потврди уште еднаш дека, иако комерцијалниот извоз на украински производи се одвива со стабилно темпо, носејќи значителен профит за Киев, ограничувањата за руските извозници на земјоделски производи сè уште се во сила“,  

се наведува во соопштението на руската делегација.

Се додава дека исклучоците од санкциите за храна и ѓубрива, објавени од Вашингтон, Брисел и Лондон се во суштина неактивни. 

Како дел од аранжманот, Москва бара рускиот амонијак да се транспортира преку Украина за да стигне до пристаништата на Црното Море за натамошен извоз. Руските власти, исто така, велат дека банкарските ограничувања и високите трошоци за осигурување ги загрозиле нивните надежи за извоз на вештачко ѓубриво. 

Домаќини на руската делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин во канцелариите на ОН во Женева беа генералната секретарка на Конференцијата на ОН за трговија и развој Ребека Гринспен и шефот на хуманитарната агенција на ОН, Мартин Грифитс. 

Таканаречената иницијатива за црноморско жито вклучува поморски инспекции на товари од страна на официјални лица на ОН, Русија, Украина и Турција за да се осигура дека се транспортираат само прехранбени производи, а не оружје, пишува АП. 

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Видиќ ја повлече кандидатурата за прв човек на српскиот фудбал

Следно

Лондон ги означи Кина за предизвик на светскиот поредок, а Русија за акутна закана

Latest from Blog